ПРЕПОРАЧУВАМЕ
НОВО
Зошто се важни анатомските обувки?
Што претставува анатомска обувка?
Анатомски обувки спаѓаат во специјална категорија на обувки на кои им е посветено значително внимание при оформување на газиштето.
Тоа е обликувано на начин да ги растерети колената, зглобовите и стопалата од од тежина.
Анатомските обувки имаат многу важна улога за оддржување на здрава физиологија на стапалото и целиот мускулоскелетен систем.
Кому му се потребни анатомски обувки?
Анатомските обувки се потребни на секој кој што се грижи за своето здравје и физиономија. Значително се потребни на луѓе чија професија содржи многу стоење и пешачење и на луѓе кои имаат проблеми со функцијата на мускулоскелетниот систем (‘рбетни искривувања, неправилно распоредување на тежина при од, болка во табаните и стапалата, притисок во скочниот зглоб).
Зошто да изберете анатомски собни папучи и кломпи?
Растеретете го притисокот и заморот кој го чувствувате во вашите колена, зглобови и стопала со папучи и кломпи изработени по ортопедски препораки, направени за да ве ослободат од непотребна болка и умор во стапалата, нозете и половината.
Направени се со посебно внимание при оформување на газиштето, со ѓон во висина од 2,5 cm до 5 cm од познатите брендови Adako и Obuća Vesna.