За Нас

За Нас

Papuci.mk е прва онлине продавница специјализирана за сите видови на папучи и кломпи и истата е во сопственост на компанијата БИСВИГО ДООЕЛ, Скопје со ЕДБ: MK4030994222687  и Матичен број: 4934636.

Нашата мисија е на нашите потрошувачи да им овозможиме широк избор на квалитетни, анатомски, удобни папучи и кломпи за различни намени.

Нашата цел, е да ги понудиме сите папучи и кломпи со докажан квалитет на едно место, а со тоа на купувачите да им заштедиме време во барање соодветни папучи и кломпи низ градот.
Со онлајн купување штедите време – еден од најважните ресурси на денешницата.
Бидејќи се вели дека: „Времето е пари!“… Вие со купувањето на Papuci.mk штедите пари.

Во papuci.mk веруваме дека секој купец заслужува грижа за здравјето на своето тело, а здравото тело во многу зависи од здрави стапала, и здраво стоење и чекорење.
За своите купувачи обезбедуваме производи за удобен, лесен и здрав чекор во текот на целиот ден, обувки за носење надвор, но и обувки за во домот.

Дополнително внимание обрнуваме кон нашите клиенти кои заради својата професија, најголемиот дел од денот го поминуваат во работните обувки како дел од работната униформа, како што се медицинските работници, фармацевска индустрија, вработените во хотелиерство, угостителство, градинки, игротеки.
За нив имаме обезбедено специјална понуда на работни папучи и кломпи според ISO 20347:2012 стандардите за лична заштитна опрема – oбувки за работа.

Нашето мото е:
СТАПАЛАТА СЕ ТЕМЕЛОТ НА НАШЕТО ТЕЛО!
ЗА ЗДРАВОТО ГАЗЕЊЕ И ЧЕКОРЕЊЕ НЕМА КОМПРОМИС!
СЕКОГАШ И СЕКАДЕ, И НАДВОР И ДОМА ОБЛЕЧЕТЕ УДОБНИ АНАТОМСКИ ПАПУЧИ И КЛОМПИ!