Услови и правила за купување

Општи услови

Со самата посета или купување преку нашата интернет страна, потребно е да се согласите со условите наведени подолу, чие право на промена во зависност од условите и потребите е задржано без претходно известување на корисниците на сајтот. БИСВИГО ДООЕЛ не превзема одговорност доколку корисникот на сајтот не ги прочитал јавно достапните информации и услови од овој сајт. Ако не се согласувате со Општите услови на оваа страна, едноставно не ја користете оваа веб страница.

Услови и правила за купување

Цените на сите производи на www.papuci.mk се изразени во денари со вклучен ДДВ.
БИСВИГО ДООЕЛ го задржува правото за промена на цените, во согласност со политиката на компанијата, без известување за корисниците. Корекција на цената нема да биде извршена ако нарачката е прифатена. Купувачот се обврзува да ја плати цената, која е понудена во моментот на извршување на нарачката, независно од фактот што цената може да биде променета во меѓувреме.
Купувачот може да избере еден или повеќе производи, како и пакет на производи од понудата на БИСВИГО ДООЕЛ. Купувачот може да ја откаже, дополни или корегира нарачката во било кое време, пред да го реализира плаќањето. Регистрирањето не е задолжително за реализацијата на нарачката, но при нарачката, задолжителни се податоците за контакт, како и адреса за испорака. По завршувањето на нарачката ќе Ви биде испратен e-mail на адресата која ја имате наведено, за потврда на нарачката. При евентуални технички проблеми со интернет страната, БИСВИГО ДООЕЛ има право да ја одбие нарачката или да го прекине процесот на купување, и не сме обврзани да извршиме никакво обесштетување, освен враќање на уплатените средства од страна на купувачот.

Политика на испорака на производи

Купувањето преку нашата интернет страница може да ја реализирате од било кој дел на светот, но испораката може да ја спроведеме само на територијата на Република Македонија. Сите производи ќе Ви бидат доставени на адресата за испорака која задолжително треба да ја доставите при креирање на нарачката.
Периодот за испорака е во зависност од локацијата за испорака. Испорака во сабота по 15 часот, во недела и на државни празници не се врши.

Испораката на производот се врши на наведената адреса за испорака од страна на купувачот. Секој купувач е должен при превземање на производот, да го провери од евентуални оштетувања при транспорт, а доколку се работи за повеќе производи, да провери дали некој производ недостасува. Доколку производот е испорачан оштетен, или одреден производ недостасува од нарачката, купувачот треба да не информира веднаш, како би превземале мерки за отстранување на ненамерната грешка. Во овој случај, трошоците за замена на производот нема да бидат на товар на купувачот.

Во случај купувачот да сака да го врати производот, не по наша вина или вина на доставувачот, и сака да му се врати уплатената сума на производот, тогаш од крајниот износ ќе биде одбиен трошокот за транспорт. Доколку купувачот сака да го замени производот, должен е да го чува неоштетен, неотпакуван и неупотребуван заедно со сите приложени документи.

Политика за враќање и замена на производи

Купувачот има право да врати купен производ во период од 7 дена од датумот на испорака, под услов производот кој се враќа да е во иста физичка состојба во која е испорачан, неотпакуван и неупотребуван, со сите етикети и ознаки кои ги имал при приемот. Средствата ќе ви бидат вратени на истата банкарска сметка која сте ја користеле при плаќање на производот. Потрошувачот правото може да го оствари во рок од 15 дена од денот кога производот е купен.